Јави се сега +389 23 072 016 info@gon.mk Сподели на Фејсбук

НАША МИСИЈА
Градинката да го реализира максималниот потенцијал за развој, да обезбеди заштита, грижа и нега на секое дете, да се да создаде богата и стимулативна средина за развој, воспитување и учење на децата, која е во согласност со современите сознанија за детскиот развој.
 
Да станеме предучилишна установа која користејќи ги своите ресурси и ресурсите на околината во која работи - реализира различни современи програми и модели на едукативна работа со децата и семејствата, во согласност со Општите принципи на предучилишната програма, овозможувајќи му на секое дете да биде на свој уникатен начин компетентен соработник на возрасните во создавањето на услови за изразување на детските потенцијали... да го направиме секое дете: сигурно, независно, задоволно, слободно, одговорно, независно, успешно...